И странските возачи ги „лови“ Безбеден град: Казните може да се проверат и платат онлајн
Возачите на автомобили со странски регистарски таблички можат однапред да проверат дали системот „Безбеден град“ им регистрирал сообраќаен прекршок во Македонија и, доколку имаат издаден прекршочен платен налог, обврската да ја подмират електронски. Ministry of Internal Affairs
МВР денеска потсети дека камерите на „Безбеден град“ регистрираат прекршоци и кај возилата со странски регистарски ознаки. За нивните сопственици и возачи е достапна веб-апликација со мобилен интерфејс преку која постапката може да се заврши уште пред напуштањето на земјата.
Проверка и плаќање преку телефон
По регистрацијата во апликацијата, корисникот може да провери дали за неговото возило е евидентиран прекршок, да ги види издадените прекршочни платни налози и да изврши електронско плаќање.
Користењето на апликацијата не е задолжително. Целта е возачите што сакаат да ја користат да можат однапред да ги проверат и подмират обврските и со тоа да ја забрзаат постапката при излез од Македонија.
Што ако казната не е платена однапред?
Возачите што нема да ја користат апликацијата засега можат да добијат информација за евентуален регистриран прекршок и при напуштање на земјата преку граничниот премин Табановце.
Таму глобата може да се плати со платежна картичка, но не е предвидено плаќање во готово.
МВР најавува дека се работи и на проширување на можноста за проверка и подмирување на овие обврски и на други гранични премини.
