Според статистиката, 29,2 отсто од граѓаните на ЕУ не можеле да покријат непланирани трошоци, што е мало подобрување во однос на 2024 година, кога уделот изнесувал 30 отсто.
Најтешка е финансиската состојба во Грција, каде што дури 50,5 отсто од населението не може да се справи со вакви трошоци. Следуваат Латвија со 43,7 и Бугарија со 42,4 отсто.
На спротивната страна е Холандија, каде што само 15,3 отсто од граѓаните имаат ваков проблем. Малта и Чешка се на следните места со по 18,7 отсто.
Податоците покажуваат дека финансиската сигурност и можноста за покривање неочекувани трошоци остануваат важен предизвик за голем дел од европските домаќинства.
