Пиперките и доматите не се симнаа под 100 денари – нè чека рекордно скапа зимница?!
Актуелно

Пиперките и доматите не се симнаа под 100 денари – нè чека рекордно скапа зимница?!

10. 08. 2025.

Ако пиперките с ескапи колку ли ќе биде тегла ајвар?

Оваа есен и зима ќе бидат горчливи за џебовите на граѓаните. Поради сушата и намаленото производство, цените на пиперките и доматите не паднаа под 100 денари за килограм, а на зелените пазари веќе достигнуваат и 120–130 денари. Земјоделците предупредуваат дека вакво поскапување во овој период од годината досега немало, а високите маржи на трговците дополнително ја креваат цената.

Откупната цена на ајварката прва класа е околу 45 денари, но на тезгите стигнува двојно поскапа. „Со вакви цени, ретко кој ќе прави ајвар“, велат од земјоделските здруженија, додавајќи дека трошоците за нафта, ѓубриво и наводнување ја прават и сегашната цена ниска за производителите.

Покрај климатските промени, проблем е и недостигот на работна сила за садење и берење. Според земјоделците, граѓаните треба да се подготват – зимницата оваа година ќе чини речиси двојно повеќе од лани.