Според истражување на „AirAdvisor“, од 22 европски авиокомпании, само три не дозволуваат миленици во кабината.
Кои се условите?
Aegean Airlines
Кучиња и мачки до 8 кг со транспортер можат во кабината. Цените започнуваат од 35 евра, додека превозот во багажниот простор може да достигне до 180 евра.
Air France
Во кабината се дозволени миленици до 8 кг, а поголемите животни можат да патуваат во багажниот простор. Цените се движат од 70 до 750 евра, зависно од начинот на превоз и рутата.
KLM
Има слични правила, а дополнителната такса може да достигне 500 евра во еден правец.
Austrian Airlines
До две мачки или кучиња можат во кабината, со вкупна тежина до 8 кг. Цените се од 65 до 125 евра.
Finnair
Мачки и кучиња можат да патуваат и во кабината и во багажниот простор. Превозот во кабината чини 60 евра на европски летови и до 120 евра за интерконтинентални.
LOT Polish Airlines
Во кабината се дозволени миленици до 8 кг, а цената започнува од 44 евра и достигнува до 100 евра, зависно од рутата.
Lufthansa
Превозот во кабината чини од 50 до 110 евра, а во багажниот простор од 80 до 380 евра.
SAS
Во кабината се дозволени миленици до 8 кг, со цени од 55 евра, додека превозот во багажниот простор може да достигне до 725 евра.
TAP Air Portugal
Кучиња и мачки до 8 кг можат во кабината, а поголемите животни до 32 кг во багажниот простор. Цените за кабината се од 40 до 170 евра.
Проверете ги правилата пред да купите билет
Условите може да се разликуваат зависно од дестинацијата, рутата и авиокомпанијата. Особено внимание треба да се посвети на летовите со преседнување и код-шер летовите, бидејќи може да важат различни правила.
Некои авиокомпании имаат ограничувања и за одредени раси, особено кучиња со кратка муцка, како булдози и мопсови. Исто така, за одредени земји постојат дополнителни услови за влез на животните.
Затоа, пред резервација задолжително проверете ги актуелните правила на авиокомпанијата и условите за влез на миленичето во земјата во која патувате.
