„За бившите – само најдобро?“ Не баш кога станува збор за поранешни компании
Анкети и истражувања

„За бившите – само најдобро?“ Не баш кога станува збор за поранешни компании

01. 08. 2025.

Дали поранешните вработени ви се амбасадори – или предупредување за другите?

Анкета објавена на LinkedIn профилот на Vrabotuvanje.com.mk собра 358 гласови и откри едно клучно прашање за сите работодавачи:

Дали и за поранешните компании во кои сте работеле важи правилото како и за поранешните партнери: За бившите – само најдобро?

Резултатите се прилично јасни:

• 70% – „Кој како заслужил!“

• 23% – „Така е!“

• 7% – „Никако!“

И што ни кажуваат овие бројки?

• Дека повеќето вработени не заминуваат рамнодушно.

• Дека начинот на кој ги третирате луѓето додека се дел од вашата организација, директно влијае на тоа како ќе зборуваат за вас после нивното заминување.

• И дека нема ПР стратегија која ќе ве спаси од лош word-of-mouth ако културата ви е – токсична.

Работната клима не се погодува – таа се мери.

Затоа е време да престанеме да нагаѓаме дали се задоволни вработените – и да почнеме да го мериме тоа системски.

Pulser е алатка која наменски ја креиравме за да добиете:

  • Искрени одговори од вашите вработени
  • Профил на организациската клима
  • Препораки за подобрување
  • И мерливи резултати што покажуваат дали се движите во вистински правец

Ако сакате вашите луѓе да ве споменуваат со почит – дури и кога ќе заминат – прво прашајте ги како им е додека се сѐ уште со вас.

Контактирајте нѐ за Pulser – истражување на задоволство и организациска култура, и направете чекор кон посилна, поискрена и попрофитабилна работна средина.