Синдикатот во соопштението наведува дека работниците треба да имаат право на „паузи за ладење“ за време на периоди на високи температури, инспирирани од мерките воведени на Светското првенство во 2026 година, кога фудбалските натпревари беа прекинати за да се заштитат играчите од екстремна топлина, објави Фигаро.
Генералната секретарка на ETUC, Естер Линч, изјави дека ваквите мерки покажуваат како екстремните температури можат да влијаат на физичката издржливост и безбедноста, но исто така дека истото ниво на заштита треба да им се обезбеди на работниците во различни сектори.
