Најголем дел од случаите се во Скопје – 60, додека останатите се регистрирани во Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци. Од вкупниот број, 64 случаи се автохтони, а еден е поврзан со патување во Грција.
Кај 63 пациенти болеста била невроинвазивна и сите биле хоспитализирани. Досега се регистрирани и 8 смртни случаи.
Најголем број заболени се евидентирани во јули и август, особено во Скопскиот регион, со најмногу случаи во Кисела Вода, Драчево и Гази Баба.
ИЈЗ препорачува мерки за заштита од каснувања од комарци, како и контрола на нивната популација во периодот на нивна активност.
