Статистика: Во март храната поевтина отколку претходниот месец, негативна месечна инфлација, годишната се спушти на 2,7%
Актуелно

Статистика: Во март храната поевтина отколку претходниот месец, негативна месечна инфлација, годишната се спушти на 2,7%

07. 04. 2025.

Цените во март се пониски за 1,3 % во однос на претходниот месец февруари, објави Државниот завод за статистика. Годишната стапка на инфлација е 2,7 проценти.

Според статистика во март најмногу се намалиле цените на храната и безалкохолните пијалоци… Во однос на февруари мартовската цена на зеленчикот и месото е помала за 3,8 проценти, а единствено зголемување во категоријата храна има кај овошјето.

На годишно ниво храната е зголемена за 2,1 процент.

Највисок раст на цените е забележан кај ухостителските објекти, рестораните и хотелите за 12 проценти на годишно ниво.

Извор: telma.com.mk