Македонскиот хемичар Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences), во Одделението за хемија.
Неговото членство било иницирано со номинација од добитникот на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД, а поддржано од научници од Франција и Финска.
Наумов е роден во Штип, а во моментов е универзитетски професор на Универзитетот „Њујорк“, со ангажман и во кампусот во Абу Даби. Тој е и надворешен член на МАНУ, полноправен член на Националната академија на науките на Обединетите Арапски Емирати, како и Редклиф визитинг професор на Универзитетот „Харвард“.
По дипломирањето на Институтот за хемија при ПМФ, со поддршка од јапонската Влада докторирал во Токио во 2004 година. Потоа работел во водечки научни институции и универзитети во Јапонија, пред во 2012 година да се приклучи на Универзитетот „Њујорк“.
Изборот на Наумов во Европската академија на науките претставува уште едно значајно меѓународно признание за македонската научна заедница.
