Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден!“, фестивалот носи богата музичка програма, со по еден бенд и двајца диџеи секоја вечер.
Посебно внимание привлекува големото финале на 8 септември, кое ќе биде посветено на македонските музички легенди Владо Јаневски и ДНК, со трибјути на нивните најпознати песни.
Покрај музиката, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна улична храна, а ќе има и натпревари во брзо јадење, квизови и други забавни предизвици со награди.
Фестивалот повторно е поддржан од Општина Аеродром, а годинава поддршка дава и Град Скопје, со цел збогатување на културната, музичката и гастрономската понуда.
Од 4 до 8 септември, „Авионче“ ќе биде место за добра храна, музика, дружење и забава за сите генерации.
