Попоски нагласува дека веќе од утрешната ноќ кон вторник (20/21 април) се очекува значителна и нагла промена на времето.
– Продор на значително поладен воздух од север ќе ги спушти температурите во Македонија и поширокиот Балкан за околу, па и повеќе од 10 степени во однос на сегашните – наведува Попоски.
Ова доаѓа по период на стабилно и топло пролетно време, со температури над просекот за овој период од годината.
Според неговата објава, најновите прогнози од Европскиот модел (ECMWF) укажуваат и на можен „метеоролошки хаос“ во првата седмица од мај, кога студени воздушни маси од северот на Европа би се спуштиле кон Балканот.
- Поради заладувањето, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира и снежна покривка.
И во Скопје и околината со овој бран на врнежи и заладување ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и поројни а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен правец, прогнозира Попоски.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден вторник 21 април 2026 а во среда 22 април 2026 температурите преку денот ќе бидат уште пониски и под просекот за април месец и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
