Започна исплатата на средствата од повратот на данок преку проектот МОЈ ДДВ за првото тромесечие од 2025 година, односно за месеците јануари, февруари и март.
Ако сте скенирале фискални сметки и ги исполнувате условите, веќе можете да проверите дали парите ви се префрлени на трансакциска сметка.
Исплатата ќе се врши етапно, па ако не ги добиете денес, проверете повторно во наредните денови.
Потсетување: За да добиете поврат, мора да сте регистриран корисник на апликацијата МојДДВ и да имате активна трансакциска сметка поврзана со вашиот профил.
Проверете ги сметките – можеби веќе сте побогати!
