Сé уште не е време да ги спакуваме зимските јакни! Пристигнува заладување
Актуелно

Сé уште не е време да ги спакуваме зимските јакни! Пристигнува заладување

12. 03. 2026.

Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Што се однесува до подолгорочната прогноза, отсега се очекува дека од, и по 17-ти март на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Иако во март влеговме со температури над просекот што надминуваат 15 степени, метеоролозите истакнуваат дека нè очекуваат промени.

Можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е  и појавата на утрински мразеви, пишува Метеоаларм во најновата прогноза.

Отсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има и на местата со помала надморска височина, односно на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Извор: vecer.press