Во Скопје цената на гаражите достигна до 15.000 евра
Актуелно

Во Скопје цената на гаражите достигна до 15.000 евра

25. 04. 2025.

Освен цените на становите во Скопје се качија и цените на гаражите. Инвеститорите ја користат ситуацијата на немање на доволно паркинг простор во градот и на станарите им ги продаваат гаражите по астрономски цени.

Градежните експерти се согласуваат со фактот дека инвеститорите претераа со цените на гаражите кои се движат од 8 до 15 илјади евра во зависност од локацијата. Граѓаните, пак кои со кредити едвај доаѓаат до стан велат дека не им паѓа на памет да даваат толку пари за гаража и ги паркираат колите каде ќе стигнат.

-Сè е многу напумпано. Цените и на становите и на гаражите се нереални. Сопствениците на земјиштето аздисаа и ги креваат цените, а инвеститорите претераа со цените на становите и гаражите. Во Скопје има голем проблем со паркинг место и станарите ги паркираат колите на тротоари, по улици…Главен проблем е што во Скопје нема добар јавен градски превоз за луѓето да одат на работа со автобус. Поради тоа, секоја фамилија има по 2-3 коли, а урбанистичките услови предвидуваат еден стан да има едно гаражно место, вели Никола Велковски, градежен експерт.

Целиот текст на Локално.мк