Градежните експерти се согласуваат со фактот дека инвеститорите претераа со цените на гаражите кои се движат од 8 до 15 илјади евра во зависност од локацијата. Граѓаните, пак кои со кредити едвај доаѓаат до стан велат дека не им паѓа на памет да даваат толку пари за гаража и ги паркираат колите каде ќе стигнат.
-Сè е многу напумпано. Цените и на становите и на гаражите се нереални. Сопствениците на земјиштето аздисаа и ги креваат цените, а инвеститорите претераа со цените на становите и гаражите. Во Скопје има голем проблем со паркинг место и станарите ги паркираат колите на тротоари, по улици…Главен проблем е што во Скопје нема добар јавен градски превоз за луѓето да одат на работа со автобус. Поради тоа, секоја фамилија има по 2-3 коли, а урбанистичките услови предвидуваат еден стан да има едно гаражно место, вели Никола Велковски, градежен експерт.
Целиот текст на Локално.мк
