На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град.
Во вчерашното невреме оштетена е стрелката која ги означува минутите. Часовникот покажува време 5 часот и 17 минути, тоа е моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа.
Покрај овој објект, невремето предизвика штети и на повеќе државни институции и објекти од витално значење, а надлежните служби и натаму вршат проценка на последиците и работат на нивна санација.
