Зошто би ве вработиле?
Никогаш немој да кажувате: „Не знам, објавивте оглас за работа во кој се наведува дека барате некого, па јас аплицирав“, „Треба да ме вработите поради моите вештини, искуство и личност“, „Дефинитивно ќе работам повеќе од никого '.
Наместо тоа, кажете: „Тоа е одлично прашање. Како што можете да видите во мојата биографија, ги имам сите вештини што ги барате од еден кандидат. Имам повеќегодишно искуство во уредување и имам диплома за маркетинг. Но, имам други вештини поврзани за оваа работа. Јас сум тимски играч, соработник, добро комуницирам и имам смисла за хумор. Ја следам оваа компанија веќе некое време и знам дека барате некој што може да ја преземе оваа улога. Имам идеи што мислам дека ќе Ви помогнат да ги постигнете своите краткорочни и долгорочни цели и би сакала да ги споделам со остатокот од тимот ’.
Која е твојата јака страна?
Немој да кажеш: 'Хм ... не знам. Ништо не ми паѓа на ум “ Јас сум навистина добар во тоа што го работам. Ако ме вработиш, нема да зажалиш ’.
Наместо тоа, кажете: ‘Мислам дека една од моите најголеми предности е способноста да се концентрирам. Јас сум навистина благодарна што сум фокусирана во повеќето случаи. И тоа придонесува јас постојано да ги исполнувам дадените рокови. Нешто што ми го имаа кажано во минатото е дека имам многу добар став и ги инспирирам оние околу мене да бидат покреативни. Претходните менаџери ми рекоа дека сум лојална личност и секогаш можат да сметаат на мене.
Која е твојата најголема слабост?
Никогаш не кажувајте: „Јас работам премногу и се грижам премногу“.
Подобро кажете: ‘Нешто на што работам во моментот е мојата самодоверба. Може да бидам вознемирена кога настапувам на јавни места или кога одржувам презентација. Искрено, дури и во ова интервју се чувствувам малку вознемирено. Изминатата година посетував курсеви каде што вежбавме да зборуваме на јавен настан и навистина ми помогна да ја подобрам мојата самодоверба и да ги усовршам моите презентациски вештини.
Работи што не треба да ги кажувате на интервју за работа
Ако доцните: “Жал ми е што доцнам, метрото доцнеше и не можев да најдам такси”.
Наместо тоа, кажете: ‘Здраво, жал ми е што доцнам. Знам дека е важно да се пристигне на време и овој разговор е мој приоритет. Благодарна сум Ви многу што ме чекавте”.
Објаснување на Вашата биографија:
Немојте да кажувате: „ Да не отидев на факултет после средно училиште ќе бев неподготвена“
Подобро е да кажете: “Во 2018 година, во мојот личен живот ми се случија некои работи што ме натераа малку да се повлечам од работата. Но, среќна сум што сè е во ред и едвај чекам нови предизвици.
Ако ви постават прашање за кое не сте подготвени никогаш не кажувајте:
“Умм, дајте ми малку време да размислам. Не мислев дека ќе ми го поставите ова прашање”
На тоа одговорете: “Хм, тоа е одлично прашање! Дали би ималe проблем да одвоите неколку минути да размислам за одговорот?Би можелее да преминеме на следното прашање?
Зошто сакате да работите токму во нашата компанија?
Никогаш не кажувајте: “Претпоставувам дека секогаш сакав да бидам продуцент. Уште од мала, бев вљубена во сцената. Имате освоено толку многу награди, мислам дека би било олично да работам за вас”.
Направете нешто во стил: “Има толку многу причини. Како прво, ве следам со години и навистина сум Ваш голем фан. Особено ја сакам оваа кампања затоа што е многу креативна, и сум сигурна дека ќе биде многу успешна во иднина. Разговарав и со неколку луѓе кои работат тука и чувствувам дека би се вклопила многу добро во Вашата работна култура”.
Кажи ми нешто за себе
Никогаш не кажувајте: “Хм, добро, јас сум од тоа и тоа место и татко ми секогаш сакаше да одам во приватно училиште, иако јас ја сакам уметноста и сакав да учам во уметничко училиште. Па, завршив на Универзитетот затоа што татко ми рече дека ќе плати за моето образование… Сега сум таму каде што сум, и да, “ го мразам мојот шеф “.
Подобро кажете нешто слично на ова: ‘Па, јас сум од Битола , и дипломирав во 2017 година на деловен маркетинг во Скопје. По завршувањето на факултетит останав во Скопје, и сега работам како менаџер во една позната компанија многу ја сакам мојата работа. Но, сакам да се осврнам кон друга работа каде што ќе можам да имам покреативна слобода”
Работи што никогаш не треба да ги правите кога аплицирате за работа
Вашата биографија секогаш нека биде во PDFформат, освен ако не е поинаку наведено во апликацијата. Не испраќајте документ со слики доколку тоа не го побарале од Вас. Креативноста во Вашата биографија треба да биде умерена, концизна и разбирлива. Оној што ќе ја прочита да се заинтересира за Вас и Вашите квалитети, и благодарение на тоа Вие да бидете потенцијалниот вработен на посакуваната позиција.