
logo-site
  • Пребарај огласи
  • Компании
  • Калкулатор за плата
  • Вести и совети
MK

Пријава
avatar-site
Поставки за колачиња
Холандската принцеза се откажа од богатството и се запиша на „обичен“ универзитет

Холандската принцеза се откажа од богатството и се запиша на „обичен“ универзитет

02. 06. 2022.

Наследничката на холандскиот трон, принцезата Амалија, оваа година ќе почне да студира на Универзитетот во Амстердам, објави Кралската информативна служба (РВД).

Од Кралската информативна служба побарале да се почитува нејзината приватност за време на нејзиниот престој во кампусот.

Најстарата ќерка на кралот Вилијам-Александар ќе студира политички науки и економија од септември и ќе живее под кирија со уште неколку студенти, соопшти РВД.

Принцезата Амалија, која повремено работеше како келнерка додека одеше на училиште, почна да презема некои свечени должности за „Портокаловиот дворец“ откако минатата година наполни 18 години. „Портокаловиот дворец“ ја задржа поддршката од повеќето Холанѓани.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Koninklijk Huis (@koninklijkhuis)

 

Иако планира да живее во јавна служба, попрво не би сакала да седи на тронот некое време, изјави принцезата Амалија во одобрената биографија објавена минатата година.

Амалија минатата година објави дека нема да добива годишен надоместок од околу 1,6 милиони евра во следните неколку години, на што има право кога ќе наполни 18 години во декември. Принцезата испрати писмо до холандскиот премиер Марк Руте во кое го информира за својата одлука. Таа рече дека ќе ги врати парите кои ќе продолжат да ѝ стигнуваат на сметка сѐ додека студира.

„Би се срамела да ги добијам сè додека не можам да понудам доволно за возврат и сè додека знам дека им е многу потешко на другите студенти, особено во овие неизвесни пандемични времиња“, напишала принцезата.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Koninklijk Huis (@koninklijkhuis)

Извор: kanal5.com.mk

 

 

Популарни теми

#Вести
#актуелно
#занимливости
#огласи
#Издвоени огласи

Издвоено

„И така добивам стан во Берлин, службен автомобил и клуч од сѐ“: Исповед на гастарбајтер од Германија која предизвика дополнителна расправа
18. 12. 2025.
Нови блокади од грчка страна на премините Богородица (Евзони) и Меџитлија (Ники)
18. 12. 2025.
Нови цени на горивата од полноќ - добри вести за возачите!
18. 12. 2025.
Credissimo ги „избрка“ вработените од канцеларија
18. 12. 2025.
Хрватска ги заострува правилата за странските работници - еве кои се новите услови
18. 12. 2025.
Најпознатата компанија за робот-правосмукалки прогласи банкрот: Нејзините акции тонат, кинеските брендови го уништија бизнисот
18. 12. 2025.
ПРЕПОРАЧАНИ РАБОТНИ МЕСТА

Оператор во Call Центар


СкопјеПријава до 14. 01. 2026.

Референт во сектор маркетинг


СкопјеПријава до 09. 01. 2026.

Мерчендајзер (Унапредувач на продажба) - Штип


ШтипПријава до 22. 12. 2025.
  • Контакт
  • Запознајте нè
  • Услови за користење
  • Политика за приватност
  • Поставки за колачиња

Vrabotuvanje © 2025

Vrabotuvanje.com.mk денес се наоѓа помеѓу 15 најпосетени веб страници во земјата, со повеќе од 500.000 уникатни посетители месечно. Довербата ни ја укажаа повеќе од 30.000 клиенти со објава на огласи на Vrabotuvanje.com.mk. Со порталот Vrabotuvanje.com.mk управува компанијата АЛМА КАРИЕР СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје.