Во наредните 15 дена жителите на општина Кисела Вода кои набавиле огревно дрво во периодот од 01 април 2022 година до денес, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен дрва за огрев. Надоместот важи до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 м³).
Од Општината информираат дека заедно со останатата потребна документација, треба да се достави доказ- потврда, испратница или официјален документ кој го потврдува купувањето на дрва за огрев. Исплатата ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен, се до исцрпување на средствата, обезбедени од Буџетот на Општината во висина од 1.200.000,00 денари.
Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/2-uncategorised/3453-2022-10-19-08-36-05
Од Општина Кисела Вода потенцираат дека сите останати информации може да се добијат на телефон: 02 2785-427.
извор: skopskoeho.mk