На се почестите муабети дека нема луѓе за работа, на нашиот сајт одлучивме да го поставиме токму ова прашање. Анкетата гласеше: „Зошто фалат луѓе за работа?“, а посетителите си го кажаа своето мислење.
Во анкетата учествуваа 2090 луѓе.
4% од испитаниците се изјасниле дека фалат луѓе за работа бидејќи не им се работи. На ова следи коментар: „Тие што се стручни не можат да функционираат во хаосот, а тие што не се стручни го создаваат хаосот бидејќи само така можат да заработат без труд.“
13% или 270 од испитаниците се изјасниле дека условите за работа не се добри. Еден од коментарите гласи вака: „Не смееш да направиш пауза ни од 1 минута“, „Работодавачите не го почитуваат законот за заштита при работа, посебно македонските газди“.
Дури 32% или 679 од испитаниците одговориле дека фалат луѓе за работа бидејќи заминати се во странство. Еден од коментарите гласи: „Веќе 2 години како сме преселени во Германија и многу сме задоволни, имаме солидни плати и многу поквалитетен живот.“
А друг коментар вели: „Заминати се во странство зошто платите не се добри и нема берза на трудот, работодавачите не сакаат да дадат од својот дел на колачот и работниците бегаат.“
Најголем дел - односно 50% или 1051 испитаници на прашањето „Зошто фалат луѓе за работа?“ се изјасниле дека тоа е поради тоа што платите не се добри. Тука следат и коментар од типот: „Се додека не се воведе принцип на зголемување на платите согласно инфлацијата, ќе нема работна сила.“ , „За минималец не се работи освен возрасните работат кои им останало уште малку до пензија младите бегаат во странство барајќи каде што се плаќа за секој изработен саат, а овде за лепе очи.“, „30.000 ден минимална плата треба да биде во Македонија“
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Ако не е покачување на платата, со какава награда би биле задоволни?