Толку им фалат работници што нудат флексибилно работно време и еден куп поволности

Толку им фалат работници што нудат флексибилно работно време и еден куп поволности

01. 04. 2025.

Голем број германски компании нудат флексибилно работно време за да привлечат работници, се вели во извештајот објавен денеска од минхенскиот институт за економски истражувања ИФО и организацијата Рандстат.

Три четвртини од германските компании ја понудиле оваа поволност во огласите за вработување, се додава во извештајот.

Компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и квалификувани вработени на пазарот, па затоа треба да бидат привлечни за кандидатите, а флексибилното работно време е клучна предност, коментира Дарија Шалер, претставник на минхенскиот институт.

Големите компании нудат флексибилно работно време нешто почесто од малите фирми, при што особено се издвојуваат давателите на услуги - 78 проценти од нив и трговците на мало - 72 проценти.

 

Компаниите исто така се обидуваат да ги заинтересираат работниците за можности за понатамошна обука, што е поволност што ја нудат 85 проценти од големите и 58 проценти од малите компании.

На трето место се поволностите како превозен билет, можност за јадење во кафетеријата или пропусница за фитнес и други спортски активности.

Оваа опција ја нудат дури 89 отсто од големите компании, додека кај малите процентот е значително помал и изнесува само 37 отсто.

Само 11 отсто од компаниите во Германија во моментов нудат четиридневна работна недела, според веб-страницата на институтот во Минхен.

Извор: vesnik.com