Целосно вакцинираните лица можат да се вратат во нормален живот, без заштитни маски

Целосно вакцинираните лица можат да се вратат во нормален живот, без заштитни маски

28. 04. 2021.

Целосно вакцинираните Американци можат да се вратат во нормален живот и тие повеќе не мора да носат маски на отворен простор, соопшти денеска Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ)

Но, маските ќе мора да се носат во случаи кога не може да се избегне гужва, според новите препораки.

– Целосно вакцинираните луѓе наскоро може да се вратат во нормала, рече Ксавиер Бекера, секретар на Одделот за здравство и социјална помош.

– Вие сте вакцинирани. И, погодете што? Можете да се вратите во нормален живот. Вие не сте вакцинирани, сè уште сте во опасност. Значи, вакцинирајте се”, изјави Бекера денеска за Си-Би-Ес.

Извор : https://www.biznisvesti.mk/