КОЛКУ ЧИНИ „НЕ САКАМ НИШТО“? Сметка од плажа во Будва стана хит на социјалните мрежи

КОЛКУ ЧИНИ „НЕ САКАМ НИШТО“? Сметка од плажа во Будва стана хит на социјалните мрежи

21. 08. 2021.

Нема да се седи за џабе!

Додека летната сезона е сеуште во тек, впечатоците, искуствата и забелешките на туристите не престануваат да се споделуваат на социјалните мрежи. Туристите најчесто се жалат на долгите редици на границите и цените во познатите летувалишта, а фотографијата што неодамна се појави на Фејсбук, е уште една причина за потсмев на сметка на угостителите.

Имено, на Фејсбук страницата Podgoricki vremeplov објавена е фотографија од фискална сметка издадена на плажа во Будва, на која како ставка е напишан одговорот на тројца гости „Не сакам ништо“, а „ништотo“ им го наплатиле по 50 центи на секој.