Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,4 и млекото за 0,3 проценти.
Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9,4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9,3 проценти, услугите за сместување за 3,3 проценти, книгите за 1,2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0,5 проценти, обувките за 0,3 проценти и моторните возила за 0,2 проценти.
Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2,5 проценти, пивото за 0,7 проценти, рибата и морските плодови за 0,4 проценти, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0,2 проценти.
Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3,1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2,9 проценти, гасот за домаќинствата за 2,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1,2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1,0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0,7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0,3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0,2 проценти.