Според Euronews, новата железничка линија која беше отворена на почетокот на овој месец, ќе ги постави рекордите во најдолгото патување со воз во светот. Патник кој се качил во возот на југот на Португалија ќе стигне до Сингапур за 21 ден, а за време на патувањето ќе помине низ Париз, Москва и Пекинг.
За време на патувањето, патниците ќе поминат 13 земји меѓу кои Шпанија, Полска, Белорусија, Монголија… Иако цените на билетот не се најповолни, сепак вреди да се заштеди за едно такво неповторливо животно искуство.

.jpg)