Каква временска прогноза најавува УХМР за овој викенд

Каква временска прогноза најавува УХМР за овој викенд

27. 01. 2022.

Локални врнежи од снег ќе има утре кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови.

Локални врнежи од снег ќе има утре кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови.

Во сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од минус 1 до минус 9 степени, а дневните од 2 до 12 степени. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до минус 6 степени, а дневната до 8 степени, информираат од УХМР.