Огласите на Vrabotuvanje.com ќе испратат голем број Македонци на сезонска работа во Хрватска

Огласите на Vrabotuvanje.com ќе испратат голем број Македонци на сезонска работа во Хрватска

09. 02. 2022.

Вкупно се собрани повеќе од 11.000 апликации за огласените работни места

Од 26 јануари до 4 февруари, се одржа Најголемиот Виртуелен саем за сезонска работа во Хрватска, во организација на нашиот партнер, водечкиот хрватски портал за вработување MojPosao, а Vrabotuvanje.com беше ексклузивен поддржувач на овој онлајн настан.

Саемот забележа 147.000 посети и 1.060.000 прегледи на страници, а посетителите на саемот можеа да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување.

Вкупно се собрани повеќе од 11.000 апликации за огласените работни места, а барателите на работа најчесто се пријавувале за следните работни места: работник за утовар и истовар на багаж / пратки на аеродром, касиер, собар/собарка и рецепционер.

Најмногу заинтересирани на саемот за сезонска работа во Хрватска има од Македонија, Босна и Херцеговина и од Србија.

Повеќето огласени работни места се однесуваа на сезонска работа, но во значителен број имаше и понуди за постојано работно место по завршување на летната сезона.