Ќе заборавиме ли на зимата!? - Еве какво време не очекува до крајот на следната недела

Ќе заборавиме ли на зимата!? - Еве какво време не очекува до крајот на следната недела

13. 02. 2022.

Времето денес ќе биде променливо облачно, во југоисточните места ќе има појава на слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има и во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде достигне интервал од 1 до 4, а максималната, од 5 до 12 степени.

Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.

извор: uhmr.gov.mk