Сто евра за младите во Србија кои до мај ќе наполнат 16 години или ќе добијат државјанство

Сто евра за младите во Србија кои до мај ќе наполнат 16 години или ќе добијат државјанство

14. 02. 2022.

Тој кажа дека државата сака да покаже не само колку и се важни младите

Српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави денеска дека младите кои до крајот на мај ќе наполнат 16 години, како и оние кои дотогаш ќе се стекнат со српско државјанство, во јуни ќе имаат право на дополнителна помош од 100 евра и дека граѓаните на возраст од 16 до 29 години може да очекуваат исплата на 1, 2 или 3 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.

-Оние 1.059.411 млади кои веќе се пријавиле за помош која е исплатена во февруари, нема потреба повторно да аплицираат, а сите кои во меѓувреме наполниле 16 години или добиле државјанство, треба да се пријават меѓу 16 и 31 мај, изјави Мали во Собранието на Србија.

Тој кажа дека државата сака да покаже не само колку и се важни младите, туку и да ја покаже силата на своите финансии и добрата состојба во државната каса.

Мали додаде дека Србија издвои 8,7 милијарди евра или 18 отсто од БДП за помош на економијата и граѓаните за време на пандемијата и дека минатата недела на пензионерит им биле исплатени 20.000 динари (170 евра) како благодарност за поддршката во текот на реформите.

извор: vecer.press