Пандемијата, нуклеарните војни, биолошките, политички, економски или природни катастрофи, па дури и инвазија од вселената се причините поради кои најбогатите се подготвуваат за некаков вид апокалипса. Тие купуваат бункери, острови и оружје со цел да се заштитат во иднина.
Причини за потенцијална катастрофа каква што може да претпоставиме дека ќе се случи има илјадници луѓе се плашат од она што ќе следува потоа, пренесуваат медиумите.
Токму затоа движењето Prepers кое постои со децении наназад веќе се подготвува. Пандемијата со коронавирусот и актуелните случувања во Украина беа причина тие повторно да се активираат. Како што и името кажува, во прашање се луѓе кои се подготвуваат за апокалипса.
Заедничко кај овие луѓе е долгорочното планирање за да успеат да преживеат еден таков апокалиптичен настан. За разлика од нив обичниот човек ќе се обиде да заштеди пари, да акумулира залихи од лименки и да го преуреди подрумот за подолг престој во него. За богатите постојат бункери со луксузни апартмани, приватни плажи и персонал оспособен да се грижи за нив кога ќе дојде судниот ден.
„Повеќе од половината милијардери кои ги познавам поседуваат приватни бункери кои имаат намера да ги искористат во случај на некој апокалиптичен настан“, рече Рид Хофман, еден од основачите на „Линкедин“.
Стив Хофман е еден од основачите и на „Редит“. Тој веќе ја има опремено својата куќа во Сан Франциско со оружје и мотори. Дури и направил операција на очите за да го подобри својот вид и да ги зголеми шансите за преживување во случај на апокалипса.
„Повеќето не веруваат дека тоа може да се случи, но веруваат дека постои шанса да се случи нешто слично. А кога имате доволно пари на располагање, тогаш тоа е логичен потег”, рече Јишан Вонг, поранешен директор на „Редит“.
„Нов Зеланд во моментов е најпопуларната дестинација“, рече Питер Тил, претприемач чие богатство се проценува на 10.000.000.000 долари.
Тој успеал да купи државјанство во Нов Зеланд во 2011 година бидејќи бил инспириран од книгата на Џејмс Дејвидсон, „Како да преживеете и да успеете во случај на апокалипса“.
Тој го опишува Нов Зеланд како најдобрата дестинација што можете да ја најдете кога ќе дојде време за тоа. Книгата зборува за група поединци кои успеале да се сокријат од колапсот на цивилизацијата и чекале да помине хаосот. Потоа почнале да го градат светот од ново и да владеат со него.
Кои се подготвувачите? Ова движење се нарекува уште и сурвализам, а неговите членови се сурвалисти. Станува збор за луѓе кои освен што се опседнати со подготовка за апокалиптични сценарија од секаков вид, постојано се подготвуваат и за лични кризни ситуации како губење работа или справување во тешки услови.
Подготовките се засноваат на обука за зајакнување на телото и духот, акумулирање на резерви храна, собирање медицинска опрема, оружје, муниција и учење на древни техники за преживување.