Солидарниот надоместок, како што се нарекува помошта, е пропишан со законот за итни мерки за ублажување на последиците од високите цени на енергентите од февруари годинава, а ќе го плаќа јавниот пензиски фонд ЗПИЗ (Завод за пензиско и инвалидско осигурување).
Право на помош немаат оние што стекнале право на пензија на 1 јануари 2022 година или подоцна.
Сепак, пензионерите се само една од групите што ќе добијат еднократен т.н. енергетски ваучер.
