Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука согласно која малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, но цената на дизелот се зголемува за 2 и пол денара за литар.
Ќе се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 3 денари за литар.
Врз основа на оваа одлука, од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 110 (денари/литар)
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 112 (денари/литар)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 104,50 (денари/литар)
- Eкстра лесно масло (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,800%, кај дизелот за 3,797%, кај екстра лесното масло за 3,933% и кај мазутот зголемувањето е за 0,340%.