Позната по лаковите за нокти и кармините, компанијата, која работи 90 години, во изјавата тврди дека должи 3,7 милијарди долари.
Блумберг потсетува и дека постапката од поглавјето 11 од американскиот закон за стечај, на која се повика „Ревлон“, ѝ овозможува на компанијата да продолжи со работа, а во исто време да прави план за отплата на долговите кон доверителите.
„Ревлон“ во соопштението вели дека обезбедила 575 милиони долари за да се финансира за време на стечајот.
„Ревлон“ е основан во 1932 година од браќата Чарлс и Џозеф Ревсон и Чарлс Лахман, а во последните години, според анализата на Ројтерс, го загуби своето место на пазарот поради стартапите поддржани од познати личности како „Кајли козметикс“ на Кајли Џенер и „Фенти бјути“ на Ријана.

