Ако знаете да правите палачинки на оваа плажа се нудат "докторски плати" за работа

20. 06. 2022.

Туристите доаѓаат секој ден во голем број, па сопствениците на апартмани и угостителски објекти на хрватското приморје принудени се поголем дел од работите да ги извршуваат сами или да одвојат поголеми суми за да најдат сезонски работници.

Побарувачката на работна сила, ангажирана привремено, стана сериозен проблем со кој се соочува Хрватска во екот на новата туристичка сезона. 

Туристите доаѓаат секој ден во голем број, па сопствениците на апартмани и угостителски објекти на хрватското приморје принудени се поголем дел од работите да ги извршуваат сами или да одвојат поголеми суми за да најдат сезонски работници.

Деновиве се појави интересен оглас за вработување со следната содржина – "Работодавач бара лице за печење палачинки, а платата е 1.300 евра месечно".