Ова е многу битно достигнување од аспект на инфраструктурата. Мостот долг 800 метри е изграден за да се подобри конектираноста меѓу Кина и Југоисточна Кина. Со него драстично ќе се скрати патувањето меѓу градовите Јуџи и Чуџионг од 1 час на само 2 минути.

Мостот Лужиџиаг е импресивен и затоа што се протега помеѓу стрмни карпи. Возачите кои поминуваат по него максимално може да се движат 160 км/ч. Челичните кабли од кои е направен се прицврстени во тунел долг дури 100 метри.
Мостот е дел од новиот еспресен пат долг 200 км низ провинцијата Јунан. Изградбата започнала во 2019 година и работниците работеле и во текот на пандемијата за да го завршат проектот во предвидениот рок од три години.
