Цената на четврт бурек би можела да достигне 100 денари во наредните неколку недели, најавуваат дел од пекарниците. Актуелната вообичаена цена, која ионака е зголемена, изнесува 70 денари.
Инфлацискиот шок особено го погоди производството на леб. Ржаниот леб достигна цена од 93, интегралниот 84, а белиот на парчиња е над 50 денари.
Според Сојузот на Синдикати на Македонија, цената на лебот за една година се зголемил за повеќе од 100 отсто.

