Од ЦУК велат дека постои опасност од нагло зголемување на водостоите на реките и суводолиците

Од ЦУК велат дека постои опасност од нагло зголемување на водостоите на реките и суводолиците

20. 11. 2022.

Се очекува и зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови.

Врнежите од дожд кои се очекува да започнат од попладневните часови на целата територија на земјата, ќе се интензивираат во текот на вечерните часови и за време на ноќта, па затоа од ЦУК велат дека постои веројатност врнежите да бидат интензивни и поројни, односно постои можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.

Се очекува и зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови.

„Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на вечерните часови, претстојната ноќ, како и за време на утрешниот ден”,

истакнуваат од ЦУК.

Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник, особено претпладне. На повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.

извор: 360stepeni.mk