Празниците се идеално време за „грабеж“: Еве како да дознаете колку чини такси услугата

Празниците се идеално време за „грабеж“: Еве како да дознаете колку чини такси услугата

21. 12. 2022.

Сезоната на празници е идеално време за "дивите таксисти"

Сезоната на новогодишните празници веќе започна, а со неа доаѓаат и повеќе туристи кои со нетрпение чекаат да ја дочекаат Новата година на некоја нова дестинција.

Иако ваквата состојба е поволна за многумина бидејќи туристите со себе носат пари што планираат да ги трошат за дочекот на Нова година, има и такви кои дрско ја користат оваа ситуација.

Имено, такси услугите имаат јавен ценовник и многумина точно можат да погодат колку ќе ги чини едно возење, но оние кои не се информирани можат да платат и многу повеќе од колку што замислиле.

Би ве интересирало: Пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците

Пресметката е јасна. Треба само да пресметате колку километри ќе возите од точката А до точката Б (секогаш можете да погледнете на вашиот телефон на мапи кои ќе ви го покажат времето потребно за да стигнете до саканата локација, но и колку километри ќе поминете ). Кога знаете колку километри ќе возите, помножете го бројот со цената по тарифа.

Сезоната на празници е идеално време за дивите таксисти, кои популарно се нарекуваат „диви“. Затоа е секогаш важно доколку го запрете возилото на улица да внимавате во кој автомобил се качувате, кое такси здружение ве вози, дали возилото е регистрирано и исправно.

Побезбеден начин да не бидете измамени е да го нарачате возилото преку телефон, односно апликација и задолжително да го запомните бројот на возилото.