Старата скопска чаршија е украс на главниот град на Македонија. Скопјани со гордост кажуваат дека само Истанбул има поубава. Но колку се чува нејзината стара – историска автентичност?
Несоодветното одржувањето на старите објекти е одамнешна болка, ама поголемиот проблем е што има се повеќе „градители – визионери“ кои старото го рушат за да направат „уште постаро“. Најнов таков случај е стариот автентичен објект на хотел „Шар“ кој неодамна беше целосно урнат, а на негово место веќе се воздигнуваат бетонски столбови за нов објект.
Така е уште од ноември кога е извршен инспекциски надзор по пријавите добиени од Градскиот конзерваторски центар – Скопје. Сега, според Министерството за култура, на потег треба да биде Управата за заштита на културното наследство.
Ќе биде ли така? Ќе се врати ли сé во првобитна состојба и всушност можно ли е тоа? Зошто не се реагирало кога почнало рушењето? Има ли инспекции на терен особено таму каде што има културно-историски богатства?
Реакции има од граѓаните кои се разочарани:
- Султаните пред многу векови не правеле вакви самоволија. Тие граделе и штителе што изградиле. Ова што се прави со Скопската шаршија е додаз дека сега е диво време, е една од реакциите.
Треба ли да се набројуваат сите досегашни „градителски“ упади во чаршијата и нејзино нагрдување и оштетување од секој кој посака нешто да си гради? До кога вака? Додека не ја претворат во „Нова скопска чаршија“?
извор: skopskoeho.mk