По реакциите на бизнисмените дека ниту еден закон не смее да важи ретроактивно - ако останеше старото име и начин на пресметување, односно задржување дополнителен данок на добивка од нето добивката за 2022 година ќе беше противуставен и неприменлив, велат за Сител даночните експерти.
Данокот со ново име ќе ги опфаќа компаниите со вкупен приход поголем од 10 милиони евра за 2022 година, а ќе се пресметува од иста даночна основа како што беше планирано, но ќе се плаќа и ќе биде трошок на 2023 година. Засега постојат два модели за кои се разговара, првиот е како основа да утврди разликата меѓу даночната основа на данокот на добивка после намалување за 2022 та година и просекот на даночна основа за 2017, 2018, 2019 и 2021 поделено со 4 и зголемен за 20%, а вториот е да се пресметува како разлика од просекот на овие големини за 2021 и 2022 и просекот за 2017, 2018 и 2019 зголемен за 20%.
Даночната стапка што ќе се применува на оваа разлика изнесува 30% и ќе мора да се плати до 30 април годинава.
Прочитајте: До кога ќе поскапуваат становите? Квадрат во Скопје стаса и до 2.200 евра
Според владините пресметки, солидарниот данок ќе опфати над 180 компании., а во буџетот ќе се соберат околу 90 милиони евра – пари кои ќе бидат наменети за граѓаните и стопанството полесно да ја пребродат кризата.

