На вчерашната владина седница владата усвоила неколку програми со кои се подржуваат малите производители на храна кои имаат легални и контролирани производи за на пазарот.
Покрај поддршката за производи од растителното и животинско потекло продолжуваат годинава грантовите за мали семејни винарии а новина е од оваа година за прв пат и поддршката на мали дестилерии за производство на домашна ракија со грантови од 5 илјади евра за опрема.
Со овие поддршки освен намалуавње на невработеноста, зголемување на понудата од домашни производи направени по традиционални рецепти ќе се обезбеди и сигурност на потрошувачите дека тоа што ќе го купат е конторлирано и безбедно.
