Ковидот, дојавите за бомби, онлајн наставата се само дел од пречките за квалитетна настава. Од пред зградата на МОН побараа кратење на материјалот за државната матура и бесплатен јавен превоз. Средношколците со услов до министерството да им излезе во пресрет и да им ги исполни барањата. Во спротивно, се заканија со бојкот на наставата и на државната матура.
Од министерството за образование тврдат дека средношколците биле запознати дека полагањето на државна матура ќе биде со скратен материјал.
МАТЕРИЈАЛОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ ДРЖАВНА МАТУРА ВО УЧЕБНАТА 2022-2023 ГОДИНА ВЕЌЕ Е ПРИЛАГОДЕН СОГЛАСНО СИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, ОДНОСНО НАМАЛЕН Е ПОРАДИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД, КАКО И ПОРАДИ ЗАКАНУВАЧКИТЕ ДОЈАВИ ВО УЧИЛИШТАТА. ТОЈ ГИ СОДРЖИ ИСКЛУЧИВО НАЈВАЖНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ КОИ УЧЕНИЦИТЕ ГИ СОВЛАДАЛЕ ВО СИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И УЧЕНИЦИТЕ СЕ ЗАПОЗНАЕНИ СО ТОА.
Но, освен со државната матура, средношколците имаат проблем и со јавниот превоз. Учениците кои одат во приватни училишта немаат право на бесплатен јавен превоз. Сега, Сојузот на средношколци изготви предлог закон кој веќе е доставен до Собранието и бараат пратениците да го изгласаат , за бесплатниот јавен превоз а важи за сите средошколци.
Најголемиот проблем во образовниот систем е во организацијата на наставниот кадар во училиштата, смета професорот Горан Главинац. Вели не се мотивирани ниту учениците,ниту наставниците.
Средношколците треба да полагаат државна матура на 27-ми мај, а државната матура е услов за сите кои сакаат да се запишат на факултет.
