Калениус добил вкупно околу 6,11 милиони евра, објави во вторникот Mercedes, околу триесет илјади помалку од претходната година.
Фиксната плата му била 1,73 милиони, а варијабилната плата која зависи од остварувањето на целите била 3,86 милиони евра.
Калениус заработил значително повеќе од неговите колеги во менаџментот на компанијата. Другите менаџери имале плата од 3,1-3,6 милиони евра.
Минатата година Mercedes продаде значително повеќе луксузни возила и поради растот на цената ја зголеми заработката за една третина, на околу 14,8 милијарди евра.
