На оваа манифестација ќе бидат доделени наградите за Најпосакувани работодавачи во Македонија, односно најпривлечни компании за вработување и тоа во 8 категории:
Најпосакуван работодавач во категориите маркети, банки, странска производствана компанија, приватна болница, компанија за производство на храна, бренд продавница за облека, најпосакуван работодавач во рамките на нафтената индустрија како и наградата за апсолутен победник за најпосакуван работодавач во земјава.
Изборот е направен врз база на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции на овие компании, како и анкетите спроведени на сајтот на Вработување.ком за испитување на јавното мислење.
На истава манифестација, ќе бидат наградени и оние кои најдобро беа оценети од своите вработени со помош на алатаката Pulser.mk, а преку која се проверува задоволството на вработените во компаниите.
Ќе биде доделена награда и на компанијата со најдобрата Емплоер брендинг кампања. ПР активност која и те како се покажа како одлучувачка при креирањето на имиџот на компанијата, а со тоа и привлекување на потенцијалните нови вработени и задржување на веќе вработените.
Воведувањето на овие награди нам како прв сајт за вработување во земјава, кој патем ќе прослви и 20 години постоење, е наше огромно задоволство, но и наша привилегија и обрвска да ги наградиме најдобрите, да ги поттикнеме помалку добрите и заеднички да ги обединиме работодавачите. Во ова исклучително време кога пазарот на труд е прилично комплициран сметаме дека овие награди ќе направат промена на подобро и за работниците и за работодавачите - вели генералниот менаџер на Vrabotuvanje.com, Дарко Велков
Вработување.ком, првиот интернет пребарувач за огласи за вработување е креиран во 2003 година, а од 2017 година е партнер со Мој ПОСАО - Хрватска и е дел од Алма кариера групација - Финска.
