„Ако сте биле неправедно третирани од страна на вашиот работодавец поради објава или коментар на оваа платформа, ние ќе ги финансираме вашите правни трошоци“ објави Маск на X и додаде дека нема да има ограничувања во финансирањето на сметките.
Маск на крајот на јули рече дека месечните корисници на платформата X достигнале нов максимум и сподели графикон на кој се гледа дека последната бројка надминала 540 милиони корисници.
Таа бројка доаѓа во момент кога компанијата поминува низ организациски промени и настојува да ги зголеми приходите од огласување, кои моментално паѓаат.
Маск минатиот месец го преименуваше Twitter во X и го претстави новото лого со кое ја замени „сината птица“, која постоеше 17 години. Сепак, на почетокот на јули објавија дека и понатаму се во минус поради речиси 50% пад на приходите од огласување и големите долгови.
