Зголемен бројот на автобуси до Матка на Голема Богородица, жичарницата ќе работи до 20 часот

Зголемен бројот на автобуси до Матка на Голема Богородица, жичарницата ќе работи до 20 часот

25. 08. 2023.

Во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и очекуван зголемен интерес за манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка, во недела (27.08.2023 год) на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, соопштија од ЈСП Скопје.

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник (28.08.2023 година) од 7 до 18 часот.

Во понеделник (28.08.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација во понеделник (28.08.2023 год) нема да работат.

Жичарницата во понеделник (28.08.2023 год) ќе функционира вообичаено, ќе работи од 10 до 20 часот; од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот; во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, додаваат од јавното претпријатие.

Извор: frontline.mk