-Одржавме информативен состанок со угостителите коишто пројавија желба и интерес да учествуваат на овогодинешната „Пастрмалијада“ во Штип. Задоволни сме од интересот. На овој состанок беа утврдени неколку технички и организациони работи коишто ни претстојат да ги сработиме пред почетокот на манифестацијата. Утврдена е цена на пастрмалиите од 200 денари, изјави Александар Арсовски, член на организацискиот тим на Општина Штип.
Пастрмалиите ќе се продаваат на вкупно 29 штанда кои ќе бидат понудени од угостителите. Пријавите се поднесуваат до среда, а в четврток изборот ќе биде по минатогодишниот принцип „прв дојден, прв услужен“.
