Лидл ви посакува добредојде! Лансирана кариерна страница за кандидати од Македонија

Лидл ви посакува добредојде! Лансирана кариерна страница за кандидати од Македонија

15.9.2023

„Стани дел од нашето големо Лидл семејство и започни да ја испишуваш твојата успешна кариерна приказна!“

Лидл, меѓународниот германски ланец на супермаркети, присутен во 31 земја ширум светот, со 12.000 маркети и над 360.000 вработени, од денес и официјално лансираше кариерна страница на македонски јазик.

Image Gallery Item - AJ_TJ

На линкот jobs.lidl.mk/mk можете да ги најдете сите слободни работни позиции за работа во Лидл Северна Македонија, а ќе имате можност и да се информирате повеќе за работењето во Лидл, за бенефициите кои компанијата ги нуди на своите вработени, процесот на селекција на кандидати и многу други корисни информации кои сигурно би сакале да ги знаете пред да аплицирате и да го градите својот кариерен успех во компанијата во која вработените се секогаш во фокусот на вредностите.

Image Gallery Item_HOT team HR

Како е да се биде дел од #teamlidl?

Ви пренесуваме дел од успешните приказни на вработените во Лидл Северна Македонија.

Станете и вие дел од нивниот тим и дознајте повеќе за компанијата на jobs.lidl.mk/mk!