Сега сите ќе сакаат да работат во автоперална – вработените ќе добиваат ем дневница, ем бонуси!

Сега сите ќе сакаат да работат во автоперална – вработените ќе добиваат ем дневница, ем бонуси!

18. 03. 2024.

Во пресрет на пролетта, сопствениците на автоперални во Скопје се соочуваат со предизвикот на наоѓање на работници кои ќе останат на подолго време и кои ќе ја истераат сезоната до крај.

Во пресрет на пролетта, сопствениците на автоперални во Скопје се соочуваат со предизвикот на наоѓање на работници кои ќе останат на подолго време и кои ќе ја истераат сезоната до крај.

Досега, како што објаснува соопственик на автоперална во Аеродром, вработените добивале 1.500 денари дневница за 8-часовно миење на возила, но оваа сезона изнаоѓањето работници тече многу потешко во споредба со изминатите години.

Затоа, сопствениците на автопералници размислуваат да им понудат и дополнителен процент на вработените од секоја измиена кола.

Ова значи дека цените на услугите ќе се зголемат, но не за многу.

„Обичното миење на автомобил до лани чинеше 300 денари, а сега ќе чини 350 денари, при што разликата од 50 денари ќе заврши во џебот на вработениот. Ние, сопственици на повеќе разработени скопски автопералници одржавме неформален состанок и се договоривме да ја испробаме ваквата стратегија. Се надеваме дека ќе бидеме и ние задоволни, а задоволни ќе бидат и нашите вработени. Многу е тешко во денешно време да се најде вработен кој е чесен и кој навистина сака да работи. Сите бегаат во странство или си бараат полесна работа. А вака, со дневница од 1.500 денари и со дополнителен бонус, се надеваме дека ќе ги задржиме оние поквалитетните кадри“, објаснува соговорникот на Denar.

На оваа тема Denar разговараше и со вработен во автопералница во Карпош, кој вели дека има денови кога во еден ден успева да измие и 20 возила.

„Дневно успевам да измијам и до 20 возила. Со новата понуда, ќе заработувам 1.500 денари фиксна дневница и дополнителни 1.000 денари бонус во денот. Тоа е веќе добра заработка, а процентот дополнително ќе ме мотивира да работам повеќе и да измијам што е можно повеќе возила во денот“, ни изјави 28-годишниот Северџан.

Оваа ситуација ги става сопствениците на автопералници пред нов предизвик, а клиентите треба да се подготват за мало зголемување на цените за миење на автомобили.

Сепак, ваквите промени се дел од економските движења и реалноста на пазарот на трудот. Во време кога пазарот на труд е динамичен, важно е да се најдат решенија кои ќе ги задоволат и едните и другите.

извор: denar.mk