Исплатата функционира така што клиентот плаќа со картичка на касата и потоа може да ја побара сумата што му е потребна во готово. Износот се додава на фискалната сметка и се одбива од банкарската сметка на потрошувачот.
Максималниот износ што може да се повлече обично е 200 евра.
Податоците во средата ги презентираше Институтот за истражување на пазарот EHI.
„За клиентите е погодно бидејќи заштедуваат на дополнително време. Побарувачката расте и поради се помалиот број на банкомати“, вели авторот на студијата Хорст Ратер.
Трговските компании кои го практикуваат ова, вклучувајќи ги и синџирите за малопродажба на храна Rewa и Edeka, аптеките како DM и Rossmann и некои продавници за градежни материјали и алати, враќаат повеќе од 13 отсто од заработените пари на клиентите, покажа истражувањето.
Со зголемената фреквенција на овој начин на пристап до готовина, се зголемуваат и провизиите што компаниите треба да ги плаќаат на банките. Според податоците на EHI, тие изнесуваат меѓу 0,1 и 0,2 отсто од исплатениот износ по трансакција.
По тој основ, малопродажните субјекти лани платиле 17,23 милиони евра, што е за 25,7 отсто повеќе од 2022 година.
